Во Дубровник казни за туристите без облека
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Градскиот совет на Дубровник усвои пропис, со кој се предвидува туристите, кои ќе се шетаат без облека или со костими за капење надвор од плажите, да бидат казнувани парично со илјада хрватски куни (околу 133 евра), јави Хина.
Советот ги одобри оваа недела измените во Правилникот, со кои им се овозможува на градските власти да ги казнуваат туристите, кои се шетаат низ Стариот град без дел од облеката.
Ќе бидат поставени и табли на влезот во градот, кои ќе ги предупредуваат туристите за тие правила.
Извор: Утрински Весник