Во два автомобила во Струмичко најдени 21 мигрант | Правдико

Правдико

   

Во два автомобила во Струмичко најдени 21 мигрант

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Во вечерните часови на вчерашниот ден во струмичкото село Водоча полицајци запреле автомобил „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки и автомобил „ауди А6“ со струмички регистарски ознаки.

Како што информираат од МВР, веднаш по запирањето на возилата, возачите излегле и се дале во бегство, а во двата автомобила биле пронајдени вкупно 21 мигрант од Авганистан, Пакистан и Ирак.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико