Правдико

   

Во еден ден 20 сообраќајки и 20 повредени во Скопје

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Во текот на изминатите два дена на подрачјето на Скопје преземени се мерки и активности и констатирано е дека 21 возач управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 20 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување моторно возило. Исто така, исклучени од сообраќај се и 20 возила бидејќи биле нерегистрирани.

Санкциониран е еден возач поради поминување  крстосница на црвено светло, еден возач поради недавање првенство на минување на пешаци, еден возач поради неправилно престројување, двајца возачи поради неправилно престигнување, еден возач на мотоцикл поради неносење заштитен шлем, осум возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и двајца возачи поради користење мобилен телефон при управување на возило.

Во текот на изминатите денови издадени се 36 мандатни платни налози и 25 возила се подигнати со специјално возило „пајак”. Изминатиот ден се случиле 20 сообраќајни незгоди во кои три лица се здобиле со тешки телесни повреди, а 17 лица поминале со телесни повреди.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико