Во Египет осудени на смрт 683 исламисти
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Лидерот на египетското движење Муслиманско братство, Мохамед Бадија беше осуден денеска на смртна казна заедно со уште околу 700 приврзаници на соборениот исламистички претседател Мохамед Морси.
Трибуналот во градот Минја, во централниот дел на Египет, освен тоа ги измени смртните пресуди во доживотен затвор на 492 од вкупно 529 исламисти, кои пред еден месец беа осудени на смртна казна.
Тие беа обвинети кон крајот на март за учество во насилните протести во Минја на 14 август 2013 година во исто време кога околу 700 приврзаници на Морси беа убиени во протестите во Каиро.
Движењето Муслиманско братство е забрането во Египет.
Извор: Телма