Во ЕУ влегле повеќе од милион илегални мигранти | Правдико

Правдико

   

Во ЕУ влегле повеќе од милион илегални мигранти

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Migranti2-sВо текот на првите 10 месеци од оваа година, во ЕУ илегално влегле 1,2 милиони бегалци, повеќе отколку во цела 2014 година, соопшти Европската граничната агенција “Фронтекс”.

Вкупниот број на мигранти е помал, бидејќи многу луѓе се регистрирани два пати, особено оние кои за прв пат биле регистрирани во Грција, а потоа преку Македонија уште еднаш влегле во ЕУ на унгарската граница, каде што биле регистрирани повторно.

Вo “Фронтекс”, се наведува дека повеќе од 150.000 луѓе во месец октомври дошле од Турција во Грција,  со што вкупниот број на пристигнувања на грчките острови за 10 месеци достигна 540.000.

Голем број на луѓе доаѓаат со брод од Либија во Италија, а нивниот број само во октомври изнесувал 8.000, што е половина од целокупното минатогодишно ниво, се вели во соопштението.

Околу 140.000 од нив пристигнаа само оваа година, додека во истиот период во 2014 година нивниот број бил 155.000.

Препорачуваме

Партнери на Правдико