Во Франција нов случај на мистериозно исчезнување на цело семејство | Правдико

Правдико

   

Во Франција нов случај на мистериозно исчезнување на цело семејство

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Четири лица од исто семејство, се чини сосема обично, исчезнале пред единаесет дена во местото Орвол близу Нант, на западот од Франција, што е мистериозен случај кој потсетува на случајот не едно друго семејство убиено во 2011 година.

Францускиот суд објави во понеделникот дека двајца судии се задолжени за истрагата за исчезнувањето на семејството Троадек, таткото, мајката и нивните две деца – 21-годишен син и 18-годишна ќерка. Во налозите за истрагата се зборува за „убиство“, „грабнување“ и за „незаконско лишување од слобода“, додава судот.

Полицијата била алармирана минатиот четврток од сестрата на мајката на семејството, која пријавила дека не се слушнала со нив веќе со денови што било невообичаено.

„Наодите на полицајците и форензичарите овозможија да откриеме бројни траги од крв кои делумно биле избришани. Ладилникот бил полн со храна“, се наведува во соопштението на судот.

Траги од крв биле најдени под скалилата на семејната куќа, како и на еден мобилен телефон, на слушалки и на чифт чевли. Прелиминарните лабораториски истраги потврдиле дека дамките од крв потекнуваат од членови на семејството.

Сепак, креветите биле без постела, во дворот имало пространа облека за сушење, а во машината за перење биле откриени сé уште мокри алишта. Во тоалетот, пак, не биле најдени четки за заби ниту четки за коса.

„Изгледа како сите одеднаш да станале и си заминале“, рекол обвинителот на Нант, Пјер Сенес. Но двата автомобила на семејството сé уште биле паркирани пред куќата

Судот уште во неделата извести дека „пронајдените (во домот) траги од крв им припаѓаат на членовите на тоа семејство“. „Засега не можеме точно да го утврдиме текот на настаните“, се наведува во известувањето за јавноста.

„Беше симпатичен, но тивок“, изјавил за таткото на семејството Паскал Троадек, роден 1966 година, колега од работа кој сакал да остане анонимен. „Не зборуваше многу за својот приватен живот и за своето семејство. Беше нормален, не забележував ништо необично“, рекол за AFP.

Неговата сопруга Брижит Троадек, родена 1967 година, работела во даночната управа и требало во понеделниот да се врати на работа.

Нивниот син Себастијан, роден 1996 година, бил студент на информатика, а ќерата Шарлот родена 1998 година исто така студирала. Извршен е претрес на нивните станови, но полицијата не дошла до поголеми резултати во истрагата.

Според „добро известен“ извор на AFP и сосед, таткото „претходно пател од депресија“. Синот, пак, наводно бил „чудак“ и „имал психички нарушувања“/

Весникот Le Monde објави дека синот во 2013 година на видео игра напишал Што мразам најмногу? Моето размислување“ и „Што ме прави тажен? Мојот живот“. Исто такам на неговиот Twitter профил е забележан постот „Доколку некој навистина знае што се случува во мојата глава, би помислил дека сум луд човек без морал“.

Случајот се најде на насловните страници на француските медиуми, а повеќето го споредуваат со еден друг случај на исчезнување на цело семејство, неколку километри подалеку од сегашниот случај, коешто се случи во 2011 година и за кој медиумите опширно известуваа.

На 21-ви април 2011 година полицијата ги пронајде телата на Ањес Дупон де Лигонес и нејзините четири деца. И ова семејство било сосема обично. Телата на мајката и деца беа најдени под терасата од нивната куќа во Нант, а на таткото не е пронајдено до денес.

Извор:Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико