Во Франција се вратиле 217 џихадисти
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Двесте и седумнаесет полнолетни и 54 малолетни џихадисти се вратиле во Франција од зоните каде што се водат борби во Ирак и Сирија, изјави францускиот министер за внатрешни работи Жерар Коломб.
Во интервјуто за неделникот „Журнал ди Диманш“, Коломб истакнува дека овие лица се ставени под систематска судска постапка од јавниот обвинител и многумина од нив се наоѓаат зад решетки. Францускиот министер за внатрешни работи притоа открива дека од почетокот на оваа година се спречени седум атентати.
– Терористичката закана и понатаму останува голема. Станува збор за лица што можат да бидат наведувани од странство, особено од Ал каеда, или лица што немаат директна врска со Сирија, но изложени на пропагандата, која останува и понатаму многу активна – предупреди Коломб. Според него, бројот на лицата што се радикализирани постојано се зголемува и изнесува околу 18.500 лица. Коломб најави создавање нови 3.500 места за прифаќање мигранти во 2018 година. Според него, Париз сака да го забрза административното разгледување на барањата за сместување во постојните капацитети.
Извор: Нова Македонија