Правдико

   

Во Франција уапсен затвореник кој направи спектакуларно бегство со хеликоптер

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Француската полиција го уапси криминалецот кој на спектакуларен начин избега од затвор на почетокот од јули, соопштија денеска тамошните власти.

Затвореникот Редоан Фаид, кој полицијата го бараше од јули, е уапсен во градот Креј, северно од Париз, објави „Ројтерс“.

Неговото апсење беше потврдено од министерот за внатрешни работи, Жерар Коломб, кој пак во меѓувреме ја напушти функцијата.

Фаид издржувал 25-годишна затворска казна за вооружен грабеж во 2010 година, кој завршил со убиство на полицајка.

Извор: Meta.mk

Партнери на Правдико