Во Геријатриската болница во Скопје 17 пациенти заболени од коронавирус | Правдико

Правдико

   

Во Геријатриската болница во Скопје 17 пациенти заболени од коронавирус

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Седумнаесет пациенти во ЈЗУ Специјализираната болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“ во Скопје се позитивни на коронавирусот.

„На 3.8.2020 година добивме повратна информација од страна на Институтот за јавно здравје – Скопје за двајца пациенти позитивни на Ковид-19 по испратени брисови за обработка во рамките на едно одделение во одделот за геријатриска медицина. По добиената информација, веднаш е постапено во согласност со протоколите за изолирање на болните од преостанатите пациенти и спроведување епидемиолошка анкета на вработените за спречување ширење на инфекцијата и мерки за дезинфекција“, соопштија од болницата.

Од таму велат дека веднаш бил спроведен скрининг на вработените од одделението и детектирани се тројца вработени позитивни на Ковид-19, кои веднаш се исклучени од работниот процес и пријавен е случајот во Центарот за јавно здравје – Скопје и во Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

Од овој кластер до сега се детектирани 17 позитивни пациенти, двајца се со потешка клиничка слика и транспортирани се на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико