Во Германија уапсен бегалец со материјал за изработка на бомби | Правдико

Правдико

   

Во Германија уапсен бегалец со материјал за изработка на бомби

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

 Германската полиција во градот Улм уапси 20-годишен Сириец, кој планирал да патува во Данска, при што со себе носел материјали за изработка на бомба.

Како што јави дописникот на МИА од Берлин, германската полиција се сомнева дека уапсениот сакал да изврши терористички напад во име на Исламската држава (ИД).

Според јавното обвинителство во Штудгарт, осомничениот терорист кој имал статус на бегалец, е поддржувач на џихадистичката фракција „Ахрар ал Шам“.

Истрагата утврдила дека тој планирал да изврши терористички напад во Данска, за што набавил материјал за изработка на бомба.

Подолго време живеел во центар за бегалци, а полицијата утврдила дека бил симпатизер на ИД, но нема докази дека бил во контакт со членови на оваа џихадистичка група во Германија или во други земји.

Според изјавата на обвинителството во Штудгарт, Сириецот не бил познат како закана за јавната безбедност.

Последниве два месеци германската полиција спроведе десетина акции за пронаоѓање на потенцијални терористи во земјата во кои се уапсени дваесетина лица.

Извор: Нова Македонија

Препорачуваме

Партнери на Правдико