Во Гевгелија референдум за отворањето на рудници за злато | Правдико

Правдико

   

Во Гевгелија референдум за отворањето на рудници за злато

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Референдумот во општина Гевгелија на кој граѓаните ќе треба да се изјаснат по прашањето „Дали сте „за“ или „против“ отворање на рудници за металични минерални суровини на територијата на општина Гевгелија“ ќе се спроведе на 23 април.

Овој датум го утврди Државната изборна комисија, а синоќа на вонредна седница беше едногласно прифатен и од членовите на Советот на општина Гевгелија. Тие го потврдија својот став од претходната седница дека на планината Кожуф не постојат никакви услови за отворање рудници за злато и побараа граѓаните на општина Гевгелија масовно да излезат на референдумот и со својот глас „против“ да го заштитат пред се здравјето на идните поколенија и природните убавини на Кожуф.

Потребните списоци и гласачки ливчиња ќе ги подготви Општинската изборна комисија, а беше договорено да бидат изработени големи билборди, флаери и плакати. Покрај ова, беше одлучено градоначалникот Иван Франгов и советниците уште од денеска да ја почнат кампањата за информирање на жителите на општината со цел референдумот за спас на Гевгелија да биде успешен.

Извор: Нова Македонија

Препорачуваме

Партнери на Правдико