Во Грција се влегува само преку „Евзони“- штрајкуваат цариниците
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Од изутрината во пет часот затворени за сообраќај се граничните премини кон Грција, „Дојрани“ и „Ники“ и се пропуштат само пешаци, а на „Евзони“ повремено се пропушаат патнички возила и пешаци, соопшти Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ).
Штрајкот на „Дојрани“ ќе трае до 23 часот, и ќе се пропуштаат само пешаци. На „Евзони“, пак, до 23 часот ноќеска ќе биде во целосен прекин сообраќајот за тешки моторни возила, а повремено ќе се пропуштаат патнички моторни возила и пешаци. На преминот „Ники“, ќе се штрајкува до утре во пет часот и исто така ќе се пропуштаат само пешаци.
Извор: Макфакс