Во Гвантанамо останаа помалку од 100 затвореници | Правдико

Правдико

   

Во Гвантанамо останаа помалку од 100 затвореници

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

79df7be414c750ef8bbbce0c548024e9Помалку од 100 затвореници остануваат во Гвантанамо, бидејќи 10 од нив биле испратени во Оман, што е пресвртница во напорите овој затвор во кубанскиот залив да биде затворен,

Десет затвореници по потекло од Јемен добија одобрување за нивно преместување во Оман,така што во овој затвор остануваат помалку од сто луѓе, за прв пат откако беше отворен во јануари 2012 година.

Американски официјални лица изјавија дека одлуката за ослободување на затворениците претставува напредок кон целта на претседателот Барак Обама да го затвори затворот во Гвантанамо.

Специјалниот претставник на Министерството за надворешни работи Ли Волоски се заблагодари на Оман за преземањето на 10 затвореници, кои не може да се вратат во Јемен поради конфликтот во таа земја. Тој рече дека САД очекуваат до летото оваа година од Гвантанамо да бидат ослободени 40 затвореници.

Препорачуваме

Партнери на Правдико