Во Хаг пресуда за делумна одговорност на Холандија за Сребреница | Правдико

Правдико

   

Во Хаг пресуда за делумна одговорност на Холандија за Сребреница

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Судот во Хаг пресуди денеска дека Холандија е делумно одговорна за смртта на околу 300 муслимани убиени од страна на силите на босанските Срби во маскарот во Сребреница во 1995 година.

Судот со тоа во голема мера ја потврди пресудата од 2014 година на друг суд дека државата била одговорна за смртта на босанските муслимани кои биле протерани од холандската база на ОН во јули 1995 година, а потоа и убиени.

Веќе донесената пресуда беше обжалена од роднините, кои бараат одговорност за жртвите во Сребреница како од Холандија, така и од холандската Влада. Пресудата беше обжалена и од холандската Влада.

Хашкиот суд ја ублажи и одговорноста на холандските војници во однос на пресудата од 2014 година.

Извор: Радио Слободна Европа

Препорачуваме

Партнери на Правдико