Правдико

   

Во Хаг сослушување на Кадри Весели

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Претседателот на косовската Демократска партија, Кадри Весели, треба да биде сослушан денеска во Хашкиот специјален суд. Овој суд е формиран во 2015 година за да ги идентификува и гони поранешни членови на ОВК кои извршиле злосторства врз Срби и други неалбанци.

Не е познато дали Весели бил повикан како сведок или осомничен на рочиштето, пишува приштинскиот весник Зери. Весели првично требаше да се појави во Специјалниот суд на 4 декември, но неговото рочиште беше одложено за денеска.

Весели беше член на ОВК и раководител на косовската разузнавачка служба.

Извор: Радио слободна Европа

Партнери на Правдико