Во хакерски напад во САД украдени податоци на сто илјади даночни обврзници | Правдико

Правдико

   

Во хакерски напад во САД украдени податоци на сто илјади даночни обврзници

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Федералната даночна служба на САД (ФДС) соопшти дека била жртва на кибер напад, во кој биле украдени лични податоци на сто илјади даночни обврзници. Нападот бил извршен во периодот од февруари до средината на овој месец.

111154

Хакерите успеале да добијат од третата, неидентификувана страна, лични податоци, како датум на раѓање, адреса, социјално-осигурителен број, се наведува во соопштението на ФДС.

Компјутерските експерти во службата утврдиле околу 200 илјади обиди за пристап до одредени лични податоци, ивршени од сомнителни електронски адреси.

Овој инцидент се случува во период на зголемување на кибер нападите врз големи американски компании, вклучувајќи и големи банки, што предизвика загриженост во Белата куќа.

Извор: 24Вести

Препорачуваме

Партнери на Правдико