Во Хамбург приведен македонски државјанин баран со потерница, осуден на 17 години затвор | Правдико

Правдико

   

Во Хамбург приведен македонски државјанин баран со потерница, осуден на 17 години затвор

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Во Хамбург полициски службеници од Единицата за потраги по лица во Хамбург, Германија, во координација со Секторот за меѓународна полициска соработка при МВР го лишија од слобода македонскиот државјанин К.Д., кој се барал со потерници за издржување на вкупна затворска казна од 17 години.

Тој е осуден за повеќе кривични дела, меѓу кои разбојништво, поголем број тешки кражби, измами и фалсификување документи и ќе биде спроведен за издржување на затворската казна.

Оваа акција е резултат од успешната соработка на МВР со германската полиција.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико