Во Хрватска марихуаната за медицински цели е легална | Правдико

Правдико

   

Во Хрватска марихуаната за медицински цели е легална

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Од денеска во Хрватска стапува во сила Правилникот на Министерството за здравство со кое се дозволува употребата на индиски коноп за медицински цели за заболените од мултиплекс склероза, карцином, епилепсија и СИДА.

d8e30c27-6616-4b80-a29b-2b2755dea64a-Marihuana

Според правилникот, како што јави ФЕНА, заболените од споменатите болести од утре со лекарски рецепт ќе можат легално да ги набават лековите што содржат тетрахидроканабионол (ТХЦ), донабимол и набилон.

Рецепти за овие лекови ќе можат да препишуваат лекарите по општа пракса, педијатрите на деца на предучилишна возраст и гинеколозите, врз основа на препорака на специјалисти по неврологија, интернистичка онкологија, онкологија, радиотерапија, инфектологија и невропедијатрија.

Лековите што содржат ТХЦ ќе можат да се издават за лекување до најмногу 30 дена, при што вкупното количество на тетрахидроканабионолит во нив не смее да биде поголемо од 0,75 грама.

Извор: еМагазин

Препорачуваме

Партнери на Правдико