Во Индија хомосексуалноста станува кривично дело | Правдико

Правдико

   

Во Индија хомосексуалноста станува кривично дело

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

11122013112307_indija soobrakajВрховниот суд на Индија го поддржа законот кој ја криминализира хомосексуалната популација.

Врховниот суд ја поништи мерката на Вишиот суд во Њу Делхи, со кој во 2009 година се декриминализира хомосексуалноста. Судот посочи оти сега останува на Парламентот да одлучи.

Според членот 377 од 148-годишниот колонијален закон, истополовата врска е „неприроден прекршок“ и казната за тоа е десет години затвор.

Неколку политички и религиозни здруженија упатија петиција до Врховниот суд со барање стариот закон повторно да биде прогласен за важечки, по судската одлука од 2009 година.

Активистите кои се борат за правата на хомосексуалната популација изјавија дека одлуката на Врховниот суд е разочарувачка и оти ќе се борат повторно да се разгледа одлуката.

Извор: Нова Македонија

Препорачуваме

Партнери на Правдико