Правдико

   

Во Иран осуден новинарот на „Вашингтон пост“

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Иранскиот суд го осуди новинарот на „Вашингтон пост“, Џејсон Резајан заради шпионажа, не наведувајќи детали од пресудата, објави иранската државна телевизија.

6211885682_5ca2cc979b_z

Резајан, дописник на „Вашингтон пост“ од Техеран беше уапсен во јули 2014 година и обвинет за шпионирање како и за други кривични дела против националната безбедност.

На новинарот кој има американско и иранско државјанство, судено му беше зад затворени врати, а последното рочиште беше во август.

– Пресудата е донесена, а Резајан има право на жалба – изјави портпаролот на судот во Техеран, Голамхосеин Мохсени Еджел.

„Вашингтон пост“ судењето на 39-годишниот Резајан го нарече „болна мешавина на трагедија и фарса“ и додаде дека судењето не било транспарентно и праведно.

Извор: Мета.мк

Партнери на Правдико