Во Истанбул протести на студентите и на професорите против власта | Правдико

Правдико

   

Во Истанбул протести на студентите и на професорите против власта

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Неколку стотини студенти и универзитетски професори протестираа во Истанбул поради смената и затворањето на наставници и на професори по неуспешниот воен пуч во јули.

istanbul-protest-studenti-profesori

– Рамо до рамо, против фашизмот – извикуваа студентите, професорите и претставниците на синдикатот за образование пред истанбулскиот универзитет, надгледувани од полицијата.

Анкара го обвинува поранешниот имам Фетулах Ѓулен дека стои зад пучот, по кој отпушти околу 100.000 лица од јавните служби, меѓу кои наставници, судии, обвинители и војници, поради наводните врски со Ѓулен.

Досега околу 37.000 лица завршија во затвор.

Турското министерство за внатрешни работи претходно објави дека од жандармеријата се отпуштени повеќе од 1.200 вработени.

Ѓулен, кој живее во доброволен егзил во САД, негира дека има каква било врска со пучот во кој загинаа 270 лица.

Извор: Мета

Препорачуваме

Партнери на Правдико