Во Истанбул уапсен Македонец кој бил важен соработник на Седат Пекер | Правдико

Правдико

   

Во Истанбул уапсен Македонец кој бил важен соработник на Седат Пекер

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Македонски државјанин кој му бил десна рака на мафијашот Седат Пекер е уапсен денеска во Турција, пренесуваат турските медиуми.

Станува збор за извесен Бобан Томовски, кој наводно бил вмешан во шверц на дрога, а бил приведен на аеродромот во Истанбул при обид да замине во Египет и се очекува в сабота да биде испорачан во земјава.

Според турските медиуми, Томовски му бил близок соработник на Пекер и заедно дејствувале во Македонија, а живеел како бегалец во Обединетите Арапски Емирати.

Исто така се наведува дека Томовски бил вмешан во шверцот со дрога на организацијата на Пекер и дека заедно деjствувале во периодот кога туркиот бос престојувал во Македонија.

„Томовски споделувал многу објави со Пекер на неговите профили на социјалните мрежи, а имал и многу влезови и излези од Турција“, посочуваат тамошните медиуми.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико