Правдико

   

Во Италија наскоро можеби и граѓаните ќе предлагаат закони

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Претставничкиот дом на италијанскиот парламент, во кој доминираат популистите од Движењето 5 ѕвезди (M5S) и десно ориентираната Лига усвои предлог-закон кој им овозможува на граѓаните да предлагаат закони, можност што досега не постоеше во оваа европска земја.

Усвоениот предлог-закон предвидува дека предлозите на граѓански иницијативи кој имаат собрано најмалку 500 000 потписи мора во рок од 18 месеци да бидат прифатени од страна на парламентот, без притоа во нив да се внесуваат значајни измени.

Доколку парламентот не го усвои предлогот во овој рок или доколку истиот е значително променет, ќе се организира референдум.

Законот ќе се смета за усвоен во изворна форма ако повеќе од 25 проценти од избирачите се изјаснат и доколку опцијата за поддршка победи на референдумот.

Во моментов, италијанскиот Устав предвидува само поништувачки референдум, се кои законите се бришат целосно или делимно, со кворум од 50 отсто плус еден глас.

Новиот нацрт-закон на претставничкиот дом, со кој се менуваат два члена од Уставот, мора да мине преку Сенатот, а потоа се враќа во Претставничкиот дом, по што повторно во финална верзија се праќа до Сенатот.

Сите измени на италијанскиот Устав бараат двојно одобрување од страна на двата дома на парламентот.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико