Правдико

   

Во Италија разбиена мрежа што финансирала терористи

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Италијанската антитерористичка единица разби мрежа на Сиријци и Мароканци осомничени за префрлање пари за екстремисти на Блискиот Исток.

Полицијата спроведе акција врз основа на 14 налози за апсење издадени од судовите во северна Италија и островот Сардинија. Засега не е јасно колку луѓе се приведени во операцијата.

Осомничените се обвинети за поврзаност со терористички групи, финансирање тероризам и кршење на финансиските закони. Полицијата извршила претрес во 20 куќи во три области во северниот дел на Италија и на Сардинија.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико