Во Италија уапсен македонски државјанин за планирање терористички напад
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Италијанските власти уапсиле македонски државјанин осомничен за подготовка на терористички напад. Како што се наведува во вчерашното соопштение на полицијата, 29 годишниот Агим Мифтари се обучувал за „идни терористички иницијативи“ во Сирија. Тој на социјалната мрежа Фејсбук ширел пропаганда на терористичката организација Исламска држава. Полицијата при претресот на неговиот дом во април годинава пронашла дрон и воена униформа. Мифтари е во притвор од април.