Во Калифорнија бараат референдум за независност
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Припадниците на движењето Yes California, кои се залагаат за таканаречениот Calexit, односно истапување на сојузната држава Калифорнија од составот на Соединетите американски држави, го преставија предлогот за одржување референдум во кабинетот на главниот обвинител на државата, пишува изданието на весникот The Los Angeles Times од вторникот.
Во написот се наведува дека движењето Yes California бара на предлогот да му се даде официјалност и по него да се направи заклучок. Следбениците на движењето и поборниците на истапувањето на Калифорнија од САД, се надеваат дека таквото гласање може да се одржи веќе во 2018 година.
Во споменатиот текст од документот испратен до главниот јавен обвинител на Калифорнија, движењето кое го нарекува документот „Calexit: плебисцит 2019 година за независност на Калифорнија“, по аналогија на Brexit, односно британскиот референдум од јуни годинава за истапување од Европската унија.
Како повод за обраќање до главниот обвинител, се наведува уште во медиумскиот извештај повикувајќи се на потпретседателот и соосновач на движењето Руиз Еванс, е победата на Донал Трамп на американските претседателски избори од 8-ми ноември. Имено, 61 отсто од жителите на Калифорнија на изборите гласале за демократската кандидатка Хилари Клинтон.
Поборниците на истапувањето на Калифорнија од САД ја појаснуваат својата позиција со тоа што властите ги трошат парите на даночните обврзници за одбрана и за вооружени конфликти, кои не даваат резултати. Активистите имаат намера да ги пренасочат средствата од даноците кон социјалната сфера во оваа сојузна држава.
Калифорнија е една од најнаселените сојузни американски држава, и во неа според последните статистички податоци живеат околу 40 милиони луѓе.
Калифорнија влегла во составот на Соединетите држави во 1850 година, како 31-та сојузна држава по ред.
Американските власти досега на ваквите иницијативи, за кои се одржуваа и петиции во неколку сојузни држави, одговараа дека уставотворците своевремено не предвиделе во највисокиот законски акт на земјата истапување на некоја сојузна држава од САД.
Извор: Макфакс