Правдико

   

Во Кина донесен најстрогиот закон против пушењето

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Најстрогиот закон против пушењето во историјата на Кина, кој сега е во сила, предвидува високи парични казни како и телефонска линија за пријавување на сторителите.

smoking_2

Законот го забрани пушењето во канцеларии, ресторани, хотели и болници, а за повреда на забраната предвидена е казна и до 1600 $ (10.000 јуани).

Во објектите каде постојано се игнорира забраната, можат да ја изгубат лиценцата, додека поединци кои се фатени да пушат, можат да се казнат со парична казна од 200 јуани.

Покрај затворените простории, законот забранува пушење и на некои отворени простори, кои се во близина на училишта, болници и спортски објекти.

И покрај владината кампања за предупредување за законот, постојат многу сомневања дека законот ќе биде ефикасно спроведен .

Претседателот на Здружението за контрола на пушењето истакна дека ќе бидат проблематични ноќните клубови кои имаат обврска  да обезбедат простории за пушење. Здравствените инспектори ќе бидат задолжени за спроведување на законот и извршување на  контроли.

Во Пекинг, се истакнати постери, а владата започна кампања и на социјалните мрежи, каде што ќе ги објават фотографиите од пушачите кои се фатени на дело.

Партнери на Правдико