Правдико

   

Во кои случаи класификацијата на информации престанува

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

1447_bСпоред законот за класифицирани информации, под поимот класифицирана информација се подразбира информација која се заштитува од неовластен пристап или употреба и која се определува со степен на класификација. Со класификација на информацијата се определува степенот на заштита на информацијата која треба да биде соодветна со степенот на штетата што би настанала за Република Македонија со неовластен пристап или неовластена употреба на информацијата.

Информациите кои се предмет на класификација се однесуваат особено на: јавната безбедност; одбраната; надворешните работи; безбедносни, разузнавачки и контраразузнавачки активности на органите на државната управа на Република Македонија; системи, уреди, проекти и планови од важност за јавната безбедност, одбраната, надворешните работи;   научни истражувања и технолошки, економски и финансиски работи од значење за Република Македонија

Класификацијата на информациите  се определува со еден од степените на класификација:

– државна тајна;
– строго доверливо;
– доверливо и
– интерно.

ringbindСоздавачот на класифицираната информација го означува на видно место степенот на нејзината класификација. Ако информацијата не била одредена со степен на класификација, а создавачот не може да се утврди или престанал да постои, класифицирањето на информацијата го врши правниот следбеник на создавачот. Доколку не може да се утврди ниту правниот следбеник, означувањето на степенот на класифицираната информација го врши Дирекцијата.

Класификацијата на информацијата престанува:

– на датумот означен на документот;
– со случување на определен настан наведен во документот;
– со истекување на временскиот период означен на документот и
– со декласификација.

Декласификација на класифицираните податоци

classified_information_-_Information_security_mediumСо декласификацијата се врши промена од класифицирана информација во информација до која се има слободен пристап. Декласификацијата  ја врши создавачот на информацијата за што ги известува корисниците на информацијата.

Создавачот на класифицираната информација означува временски период или настан до кој информацијата не може да биде рекласифицирана или декласифицирана.Временскиот период или настанот до кои информацијата не може да биде рекласифицирана или декласифицирана не можат да надминат период од десет години, освен ако на информацијата не и е потребна подолготрајна заштита.

Класифицирана информација со степенот “ДРЖАВНА ТАЈНА” создавачот ја разгледува и оценува во период не подолг од десет години за да се оцени потребата од натамошно задржување на класификацијата.

Класифицирана информација со степенот “СТРОГО ДОВЕРЛИВО” се разгледува и оценува во период не подолг од пет години за да се оцени потребата од натамошно задржување на класификацијата.

Класифицирана информација со степенот “ДОВЕРЛИВО” се разгледува и оценува во период не подолг од три години за да се оцени потребата од натамошно задржување на класификацијата.

Класифицирана информација со степенот “ИНТЕРНО” се разгледува и оценува во период не подолг од две години за да се оцени потребата од натамошно задржување на класификацијата.

Информацијата која е одредена со степен на класификација нема да се смета за класифицирана информација ако со неа се прикрива кривично дело, пречекорување или злоупотреба на функцијата или некој друг незаконски акт или постапка.

–ПРАВДИКО–

Поврзани статии:

– Издавање и користење на безбедносен сертификат за класифицирани информации

Партнери на Правдико