Во кои случаи Полицијата може да забрани пристап на медиумите | Правдико

Правдико

   

Во кои случаи Полицијата може да забрани пристап на медиумите

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

makedonija-policija1-604x272Основна функција на Полицијата е заштита и почитување на основните слободи и права на човекот и граѓанинот гарантирани со Уставот на Република Македонија, законите и ратификуваните меѓународни договори, заштита на правниот поредок, спречување и откривање на казниви дела, преземање мерки за гонење на сторителите на тие дела, како и одржување на јавниот ред и мир во општеството.

Полициските службеници, при вршењето на полициските овластувања ги почитуваат основните слободи и права на човекот и граѓанинот како што се: право на живот, слобода на уверувањето, совеста, мислата и јавното изразување на мислата, слобода на говорот, јавниот настап, јавното информирање и слободното основање на институции за јавно информирање, слобода на вероисповеста, слобода на здружување заради остварување и заштита на политичките, економските, социјалните, културните и други права и уверувања на граѓаните, вероисповед, правото на мирно собирање, слобода на движење и правото на сопственост, како и други слободи и права гарантирани со Уставот на Република Македонија.

Во случај на повреда на уставните и законските права од страна на полициските службеници, граѓаните можат да побараат заштита на овие права и од Народниот правобранител на Република Македонија.

Согласно  Законот за организација и работа на органите на државната управа („Службен весник на Rепублика Mакедонија” бр. 58/00 и 44/02), министерството за внатрешни работи има пропишано Упатство за начинот на остварување на комунијација со јавноста.

Упатството за начинот на остварување на комуникација со јавноста најпрво има за цел : унапредување на начинот на информирање на граѓаните за работата на полицијата, примена на стандардни процедури во комуникацијата со медиумите како и за јакнење на соработката со медиумите.

Членот 10 од ова упатство јасно наведува дека претставниците на медиумите (новинарите), по претходна идентификација , имаат право да бидат присутни на местото каде е извршено кривичното дело, односно на местото на инцидентот, доколку кривичното дело или инцидентот се извршени, односно настанати на јавно место или на локација отворена за јавност.

Полициските службеници, исто така по претходно добиено овластување може кратко да одговараат на прашањата на новинарите, при што информациите што се од значење за натамошниот тек на истрагата не може да се откриваат без согласност на истражниот судија кој раководи со текот на истрагата на местото на настанот.

policija-lentaПостојат случаи кога Полицијата има право да го контролира пристапот на медиумите на определен простор, односно определено подрачје.

Доколку околностите на ситуацијата тоа го налагаат, Полицијата може да забрани пристап на медиумите на определен простор, односно определено подрачје, и тоа:

– простор обележан со полициска лента на местото на извршување на кривично дело;

– локации на пожари од поголеми размери, природни катастрофи и елементарни непогоди;

– посети на делегации;

– јавни настани за кои се неопходни зајакнати мерки за безбедност и

– други ситуации кои може да го загрозат текот на истрагата, односно јавната безбедност.

Во случаи кога Полицијата воспоставува процедури на одреден простор, односно одредено подрачје на кои пристапот е ограничен, Полицијата обезбедува следење на процедурите од страна на новинарите кога тие легитимно пристапуваат на просторот, односно подрачјето.

Кога поради легитимни оперативни причини е ограничено снимање со камера, фотографирање, изработка на аудио снимки, прибавување белешки, вршење интервјуа или известување од местото на одреден настан, Полицијата издава одобрение на новинарите за преземање на наведените активности.

Во секој случај според членот 20 од Упатството, Полицијата  не смее да одземе професионална опрема или материјали на новинарите, доколку за тоа не биде обезбеден судски налог, односно доколку не постои основано сомневање за повреда на законски прописи од страна на новинарите.

Превземи:

– Упатство за начинот на остварување на комунијација со јавноста.

– Законот за полиција

– Кодекс на полициска етика

–ПРАВДИКО–

Поврзани статии:

– Како би требало да изгледа демократско однесување на полицијата при полициска истрага

– Постапка за вклучување во програмата за заштита на сведоци

Кои се овластувањата на полициските службеници во полициска постапка?

Препорачуваме

Партнери на Правдико