Во кои случаи се определува мерката куќен притвор | Правдико

Правдико

Виртуальное казино Vavada предлагает своим посетителям множество азартных игр, включая популярные слоты, рулетку и покер, а также другие развлечения. Главные достоинства Vavada - это простота использования интерфейса и обширный ассортимент игровых автоматов. Казино Vavada привлекает пользователей разнообразием бонусов и акций. Необходимо помнить о потенциальных рисках, связанных с азартными играми, и важно играть ответственно, устанавливая разумные лимиты на ставки.

   

Во кои случаи се определува мерката куќен притвор

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

padlock_1751466cПри спроведување на кривичната постапка, спрема обвинетиот можат да се превземат определени мерки за обезбедување на присуство за непречено водење на кривичната постапка како што се покана, мерки на претпазливост, гаранција, приведување, лишување од слобода, задржување, краткотраен притвор, куќен притвор и притвор.

При одлучувањето која од наведените мерки ќе ја примени, надлежниот орган ќе се придржува кон условите определени за примена на одделни мерки, водејќи сметка да не се применува потешка мерка ако истата цел може да се постигне со поблага мерка. Судот спрема обвинетиот истовремено може да определи повеќе мерки, освен кога ќе ја определи мерката притвор

Куќниот притвор како мерка за обезбедување на присуство на обвинетиот може да се изрече ако постои основано сомневање дека определено лице сторило кривично дело и има услови за определување притвор, при што судот може да определи мерка куќен притвор и да му нареди на тоа лице да не го напушта домот за определено време.

House-Arrest-Home-Confinement-Electtronic-MonitoringПод услови за определување притвор се мисли доколку постои основано сомневање дека определено лице сторило кривично дело, доколку притворот е неопходен за непречено водење на кривичната постапка, против тоа лице може да се определи притвор, ако:

– се крие, ако не може да се утврди неговиот идентитет или ако постојат други околности што укажуваат на опасност од бегство;

– постои основан страв дека ќе ги сокрие, фалсификува или уништи трагите на кривичното дело или ако особени околности укажуваат дека ќе ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците, вештаците, соучесниците или прикривачите;

– особени околности го оправдуваат стравот дека ќе го повтори кривичното дело, или ќе го доврши обиденото кривично дело или дека ќе стори кривично дело со кое се заканува или

– уредно повиканиот обвинет очигледно избегнува да дојде на главната расправа, или ако судот направил два обиди уредно да го повика обвинетиот, а сите околности укажуваат дека обвинетиот очигледно одбегнува да ја прими поканата.

На лицето против кое е определен куќен притвор судот може по исклучок да му определи да се оддалечи за одредено време од станот или од друг простор, ако:

– тоа е потребно за лекување или

– тоа го бараат посебните околности поради кои може да настапат штетни последици по животот, здравјето или имотот на лицето или на неговите блиски.

Во решението со кое се определува куќен притвор, покрај забраната за оддалечување од домот или од друг простор, судот може да определи забрана за комуникација со лица или забрана за употреба на средствата за комуникација, односно обврска за почитување на мерките на видео и електронски надзор, или да нареди примена на други мерки наведени погоре.

Ако лицето против кое е определен куќниот притвор се оддалечи од домот или оддруг простор спротивно на забраната на судот, или во определено време не се врати водомот или другиот определен простор, или не се придржува на забраната за комуникација со лицата или забраната за употреба на средствата за комуникација или го избегнува или попречува спроведувањето на мерките на видео и електронски надзор, против тоа лице ќе се одреди притвор. Лицето за тоа ќе се опомене со решението за куќен притвор.

Судот врши надзор над куќниот притвор, а надзорот може да го довери на полицијата, определувајќи го и начинот на неговото извршување.

–ПРАВДИКО–

Поврзани статии:

– Изрекување условна осуда како алтернативна мерка

 Прирачник за примена на мерката притвор

– Притвор пред судењето (Национална пракса и меѓународни стандарди)

– Под кои причини се дозволува и се прифаќа продолжување на притворот?

 

Препорачуваме

Партнери на Правдико