Во комбе кај Штип пронајдени 40 мигранти | Правдико

Правдико

   

Во комбе кај Штип пронајдени 40 мигранти

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Синоќа на магистралниот пат Штип – Радовиш полициски службеници дале знак за запирање на патничко возило  комби „пежо“ со велешки регистарски ознаки, но возачот не застанал и продолжил со движење кон Штип.

Во близина на селото Лакавица запрел и при преглед во возилото биле пронајдени 40 лица – мигранти, а возачот З.Б.(39) од Велес бил лишен од слобода и задржан во Полициската станица Штип за понатамошна постапка, информираат од МВР.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико