Во комбе пронајдени 33 мигранти од Пакистан, приведени две лица | Правдико

Правдико

   

Во комбе пронајдени 33 мигранти од Пакистан, приведени две лица

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Во товарно возило „рено мастер“ во близина на Демир Капија полициски службеници пронашле 33 лица илегални мигранти од Пакистан. Во возилото немало возач.

„Во 3.15 часот, на 400 метри од возилото, на стариот пат Скопје-Гевгелија, полициските службеници забележале две лица за кои постои сомнение дека го управувале возилото. Тие биле приведени во Полициската станица Неготино. Се работи за лицата Б.С. (36) и Г.Т. (36), двајцата од Велес“, соопшти МВР.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико