Во Копенхаген осудени за купување беспилотни летала за терористи
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Судот во Копенхаген прогласи за виновни три лица што ѝ помагале на терористичката организација купувајќи беспилотни летала во име на групата Исламска држава.
Според пресудата, беспилотните летала требало да се користат во борбени операции во Сирија и Ирак.
Од градскиот суд во Копенхаген велат дека мажите, од кои двајца се државјани на Данска, купиле авиони за хобисти, беспилотни летала и термални камери, компоненти за нив, како и потребни алатки и додатоци помеѓу 2013 и 2017 година, пренесува АП.
Сите се ослободени од обвиненијата за тероризам и се соочуваат со казна затвор до шест години.
Идентитетот на мажите, кои се изјаснија за невини, судот не го објави.
Извор: Макфакс