Правдико

   

Во Кривичен суд рочишта за „Траекторија“ и „Насилство во центар“

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Во Кривичниот суд за денеска се закажани рочишта за предметите на Специјалното јавно обвинителство, „Траекторија“ и „Насилство во Центар“.

Во „Траекторија“ обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот вицепремиерот Владимир Пешевски, ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот директор на Агенцијата за државни патишта, Љупчо Георгиевски.

На првото судско рочиште кое се одржа на 6-ти овој месец, адвокатите на обвинетите побараа визулено и тонско снимање на судењето.

Тие се осомничени дека во втората половина на 2012 година и во текот на 2013 година презеле повеќе дејствија со кои во постапката за избор на компанија за изградба на автопатите Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид ги искористиле и пречекориле своите овластувања. Со тоа, според СЈО, му нанеле штета на државниот буџет од најмалку 155 милиони евра и за истиот износ на компанијата изведувач ѝ овозможиле да се стекне со имотна корист.

Во предметот „Насилство во Центар“ обвинети беа 14 лица за поттикнување на насилството што се случи при протестите пред општина Центар во јуни 2013 година.

На претходните рочишта вина за настаните пред општина Центар во јуни 2013, признаа четвртообвинетиот Томислав Лазаров и петообвинетиот Јордан Ристевски.

Во овој предмет обвинети се уште 12 лица, меѓу кои лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Даниела Рангелова.

Извор: Нова Македонија

Партнери на Правдико