Правдико

   

Во Кривичниот суд продолжува судењето за „Тарифа“

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Во Кривичниот суд во Скопје денеска треба да продолжи рочиштето за случајот на СЈО „Тарифа“, во кој се обвинети поранешниот генерален директор на АД „ЕЛЕМ“ Дејан Бошковски и уште други две лица.

Обвинителите на СЈО на претходните судски рочишта рекоа дека ќе докажат оти тројцата обвинети ја злоупотребиле службената положба и овластувањето. Обвинетите се изјаснија дека не се виновни.

Според обвинението на СЈО, обвинетите со неизвршување на службената должност овозможиле правното лице – конзорциум, кое подоцна го добило тендерот, да се квалификува во втората фаза на преговарање при јавната набавка, иако немало доставено комплетна документација.

Во случајот на СЈО „Тарифа“ кој се однесува за обвинение за противзаконска набавка на софтверски систем за потребите на државната компанија „Електрани на Македонија“ вреден околу четири милиони евра, на минатото рочиште што се одржа на 15 март во Кривичниот суд беше сослушан сведокот Игор Трпевски.

Тогаш беше најавено дека на денешното рочиште ќе бидат сослушани и останатите сведоци.

Извор: Нова Македонија

Партнери на Правдико