Правдико

   

Во Кривичниот суд продолжуваат судењата за „Тенк“ и „Тарифа“

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Во Кривичниот суд денеска се очекува да продолжат судењата за предметите „Тенк“ и „Тарифа“ на Специјалното јавно обвинителство.

Во денешното рочиште за „Тенк“ искази треба да дадат осум сведоци. Претходно, во врска со овој предмет беа сослушани тројца сведоци и почна изведувањето на доказите.

Инаку, случајот „Танк“ се однесува на набавката на луксузниот „мерцедес“ вреден 600 илјади евра, а во него обвинети се експремиерот Никола Груевски, поранешната министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска и поранешниот помошник министер во МВР, Ѓоко Поповски.

Ново рочиште денеска треба да се одржи и за случајот „Тарифа”. СЈО за овој случај сомничи три лица поради постоење сомнение дека е извршена злоупотреба на службената положба во постапка по јавна набавка на софтвер – ЕРП Систем за потребите на АД ЕЛЕМ.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико