Во куќа во Сиднеј на свиреп начин убиени две деца | Правдико

Правдико

   

Во куќа во Сиднеј на свиреп начин убиени две деца

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Двајца тинејџери биле пронајдени мртви во семејна куќа во северозападниот дел на Сиднеј, објави „Гардијан“.

Полицијата потврди дека во куќата биле пронајдени тела на две деца, момче и девојче, со прострелни рани од куршуми. Првичните сомнежи се дека тие биле убиени од страна на член на семејството.

Во тек е потрага по маж на возраст од 50 години, соопшти полицијата, која ја оградила куќата каде што биле пронајдени телата и ја блокирала целата улица.

Портпаролот на полицијата изјави дека сцената што ја нашле во спалната соба била ужасна, како од хорор филмови.

Набрзо по пронаоѓањето на телата, на местото на настанот пристигнала жена на возраст од околу 40 години, за која се верува дека е мајка на убиените деца. Во состојба на шок таа била транспортирана во болница.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико