Во куќа во Струшко пронајдени вреќи со марихуана и две стебла канабис сатива | Правдико

Правдико

   

Во куќа во Струшко пронајдени вреќи со марихуана и две стебла канабис сатива

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Врз основа на судска наредба, во утринските часови на 4 јули струшки полицајци извршиле претрес во дом и други простории што ги користел 48-годишник од струшкото село Заграчани.

Како што информираат од МВР, при претресот биле пронајдени две вреќи со марихуана, 18 патрони за ловна пушка, две стебла од растението канабис сатива и една дигитална вага.

По документирање на случајот против стружанецот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико