Во куќа во тетовско Шипковица пронајдени насади со канабис | Правдико

Правдико

   

Во куќа во тетовско Шипковица пронајдени насади со канабис

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

2Полициски службеници на СВР Тетово, ноќеска извршиле претрес во домот и помошен објект на 73-годишниот З.Р. во Шипковица. При претресот рализиран во консултација и координација со јавен обвинител, на балкон од соба на третиот кат во куќата, што ја користел неговиот 42-годишен син Х.Р, пронајдени се 150 пластични чаши од јогурт, наполнети со ситна земја, од кои во 5 имало изникнати непознати зелени растенија со височина од околу 3 сантиметри, како и пластична кутија со непознат растителен семенски материјал.

Покрај ова, во помошен објект до куќата, пронајдени се 46 вреќи со земја во кои имало 51 непознато зелено растение со височина помеѓу 10 и 15 сантиметри за кое постои сомнение дека се работи за канабис сатива (марихуана). Сето пронајдено е фотодокументирано и со потврда е одземено за вештачење. Четириесет и двегодишниот Х.Р, кој се сомничи дека ги одгледувал растенијата, не е пронајден и по него се трага.Инаку, Х.Р. вчеравечер бил пријавен дека претходно во алкохолизирана состојба извршил семејно насилство врз неговите родители, а се сомничи и дека веднаш потоа ја запалил нивната плевна со добиточна храна.

 

Препорачуваме

Партнери на Правдико