Во Куманово изутринава уапсен Игор Југ, еден од напаѓачите во Собранието
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Изутринава во Куманово е уапсен Игор Југ, еден од групата која за време на „крвавиот четврток“ насилно влезе во Собранието, каде беа физички нападнати и повредени дел од пратениците. На него му беше одреден притвор, но досега беше во бегство. Во текот на денот се очекуваат повеќе детали од МВР во врска со настанот.
Тој беше посочен дека носел пиштол за време на настаните на 27 април во Собранието и кој според српскиот разузнувач Горан Живаљевиќ требал да го убие лидерот на СДСМ, Зоран Заев.
Игор Југ неодамна се огласи на неговиот Фејсбук профил каде напиша:
Ако сум сакал некого да убијам, зошто не сум го убил? Кој можеше да ме спречи? Можев со раце да удавам некој ако сакав, таму бевме 200 на 1!! Јас ли треба да бидам жртвено јагне у оваа ситуација!“
Извор: Макфакс