Во Куманово ќе патролираат маалски полицајци | Правдико

Правдико

   

Во Куманово ќе патролираат маалски полицајци

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Денеска во Куманово беше промовирана позорната служба или т.н. маалски полицаец.

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, оцени дека оваа служба има исклучително значење во делот на превентивното работење, зближувањето со граѓаните, познавањето на средината во која работи позорникарот и градењето на врската полицаец-граѓанин.

„За да имаме безбедни градови, безбедни населени места, безбедни улици, мора да имаме полицајци што ќе бидат во постојан контакт со граѓаните, кои ќе ги знаат граѓаните и на кои ќе им се обраќаат граѓаните за сите нивни потреби. Граѓаните ќе има на кого да му се обраќаат за сите негативни појави што се случуваат во нивното опкружување. Денеска ја промовираме позорната служба во Куманово, а почнуваме и на подрачјето на СВР Штип и СВР Битола за понатаму да продолжиме во сите градови“ рече Спасовски.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико