Во Мадрид уапсени шефови на мрежа за нелегална миграција | Правдико

Правдико

   

Во Мадрид уапсени шефови на мрежа за нелегална миграција

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Шпанската полиција денеска соопшти дека уапсила четворица шефови на криминална мрежа за нелегален шверц со луѓе, кои за награда од 20.000 до 50.000 евра по човек во Шпанија илегално внесувале Иранци, пренсоа француските медиуми.

25082016140052_web_spanish_police

Водечките луѓе на мрежата се дел од познато семејство, кое во Иран се занимавало со шверц на луѓе, соопшти полицијата во коминике.

Шверцерите користеле сложена маршрута за пренесување на луѓето – преку Турција, Дубаи, Бразил, Парагвај и Боливија, за подобро да се прикрие нелегалниот шверц за луѓето кои доаѓале од Иран.

Освен четворицата шефови во акцијата се уапсени уште 15 лица од Мадрид и Каталонија.

Извор: Нова Македонија

Препорачуваме

Партнери на Правдико