Во Македонија се возат 40 илјади нерегистрирани возила | Правдико

Правдико

   

Во Македонија се возат 40 илјади нерегистрирани возила

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Околу 40 илјади нерегистрирани и неосигурени возила, според осигурителните компании, активно се вклучени во сообраќајот на патиштата и претставуваат закана за безбедно одвивање на сообраќајот, предупредуваат од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата(РСБСП).

Најчестите изговори што ги користат возачите се: „Трошок ми е, немам доволно пари“, „Сигурен бев дека возилото е исправно“, „Не покажуваше знаци на дефект“, „Цел живот возам така, ништо не се случило“, „Не го користам многу возилото, не ми се исплати да го регистрирам“… Според РСБСП, ниеден изговор не може да биде доволно добар и сите возачи треба да бидат свесни за последиците што ги носи неисправното и нерегистрираното возило.

За учество во сообраќај на патиштата, возилата задолжително треба да бидат регистрирани, да имаат важечка сообраќајна дозвола или важечка потврда за пробно возење и треба да бидат означени со пропишани регистарски таблици. Непочитување на оваа законска одредба се санкционира со парична казна од 500 евра во денарска противвредност.

Извор: Радио слободна Европа

Препорачуваме

Партнери на Правдико