Во меѓународна акција сузбиена мрежа преку која се носеле огромни количества дрога на Балканот | Правдико

Правдико

   

Во меѓународна акција сузбиена мрежа преку која се носеле огромни количества дрога на Балканот

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Во голема меѓународна акција на полицијата уапсени се 9 осомничени лица и разбиена е група што се занимава со организиран криминал. Оваа акција, која се состоела од поголеми операции спроведени во Европа и Јужна Америка и што е наречена НАНА, ја предводеше хрватската полиција и канцеларијата на јавниот обвинител од Риека. Притоа сузбиена е мрежа преку која се транспортирале огромни количества кокаин и марихуана од Колумбија, Еквадор и Панама во Европа, претежно на Балканскиот полуостров. Операции поврзани со оваа мрежа се спроведени и во Колумбија, Германија, Италија, Холандија, Панама, Словенија, Шпанија, и од страна на ДЕА (САД) и Европол.

Мрежата е сузбиена откако во контејнер, кој легално пренесувал старо железо од Панама во Риека, Хрватска, се пронајдени повеќе од 100 килограми кокаин и 150 килограми марихуана. Оваа дрога била наменета, пред сè за хрватскиот, но и за балканскиот наркопазар. Истражителите исто така заклучиле дека дел од групата што е сега уапсена, во март минатата година била вклучени во нелегално шверцување на повеќе од 69 илјади пакети цигари со вредност од 350 илјади вера.

Мрежата е разбиена преку акцијата што се одвивала скоро една година, каде што се идентификувани повеќе поголеми европски дилери и изворот од Колумбија. Во меѓународна мешана акција се уапсени 9-те осомничени, кои се организатори на целосната акција, организирана од членови од државите од Европската Унија, поточно од Хрватска, Германија, Холандија и од Словенија. Според информациите, меѓу уапсените се наоѓа и криминалец од Хрватска, кој со години е баран од полицијата во Европа, како и колумбиски државјанин што е дел од организацијата, која се занимава со меѓународен шверц на дрога и човек што е одговорен за координација на пратките со кокаин на пристаништата во Европа. Безбедносните органи исто така составиле специјализирана работна група што ги следела операциите во Европа и во Јужна Америка, преку следење на фирмите што биле вклучени во транспорт на кокаин.

Со деталните анализи и проверки на информациите, тимот на Европол наменет за криминал со наркотици успеал да ги идентификува и да ги поврзе различните истовремени акции и да ги спои во една. Исто така, тие успеале да создадат соработка меѓу сите надлежни органи што работеле на овие случаи и да ја спроведат меѓународната акција. Дополнително, од Европол создале платформа за размена на големи досиеја и разузнавачки податоци генерирани од оперативни активности, што им овозможило на теренските тимови брзо да ги разменуваат истите тие. Операцијата била поддржана и од специјализираниот тим за наркотици на Европол и форензичката лабораторија на Европскиот центар за сајбер-криминал.
Оваа операција е дел од пошироката стратегија на Европската Унија, која е управувана од Хрватска и поддржана од органите за спроведување на законот на ЕУ, американската ДЕА и Европол, за борба против мрежата на организираниот криминал на Западен Балкан, односно поинаку позната како „балканскиот картел“.

Ц.Х.

Извор: Нова Македонија

Препорачуваме

Партнери на Правдико