Во Милано убиен осомничениот за нападот во Берлин
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Човекот осомничен за нападот во Берлин, идентификуван како Анис Амри, убиен е во пукотница во Милано, јави Reuters, цитирајќи извори од италијанските безбедносни служби.
Наводно, Амри бил сопрен во контрола на сообраќајот околу 3 часот наутро, но веднаш припукал кон полицијаците.
Млад полицаец, кој работи само девет месеци во полицијата, возвратил и го убил, а во пукотницата и самиот е ранет во рамото, пренесува италијанскиот весник Panorama.
Се очекува за кусо министерот за внатрешни работи на Италија, да одржи прес-конференција.
Амри пред неколку дена, влета со украден камион во луѓето на новогодишен бараз во Берлин при што уби 12 луѓе.
Извор: Макфакс