Во нападот во Париз убиени четворица полицајци
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Според најновите информации, во нападот во Париз се убиени четворица полицајци, јави Би-би-си. Првично имаше извештаи дека еден полицаец им подлегнал на повредите.
Маж вооружен со нож ги нападнал полицајците во полициската станица која се наоѓа спроти катедралата Нотр Дам. Тој бил застрелан од полицијата. Мотивите на напаѓачот, кој работел како административен службеник во седиштето на полицијата, сè уште не се познати.
Париската метро станица „Сите“ е затворена од безбедносни причини, а подигнат е и кордон околу блискиот полициски штаб.
Извор: Макфакс