Правдико

   

Во Њујорк убиен мафијашки бос од фамилијата Гамбино

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Бос од мафијашката фамилија Гамбино, Франческо Кали, познат како „Френки бој“, беше убиен пред неговата куќа на Стејтен ајленд, соопшти њујоршката полиција.

Во 53-годишниот Кали биле испукани најмалку шест куршуми, по што напаѓачот со автомобил го прегазил мафијашот, пренесува агенцијата „Ројтерс“.

Фамилијата Гамбино е една од петте главни италијанско-американски мафијашки семејства во Њујорк.

Мотивот за убиството засега не е познат, а истрагата е во тек.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико