Во образование и здравство пензионирањето може да се одложи до 67 години
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Продолжување на работниот однос до возраст од 67 години е можно, но само за дефицитарните кадри во здравството, високото образование и научноистражувачката дејност, и тоа под строго дефинирани критериуми и постапки. Ова го истакна пратеничката од СДСМ, Жаклина Лазаревска, на прес-конференција.
„Со овој закон, кој ќе се применува од 30 јуни идната година, се отвора можност за вработување на младите, но и се намалува бројноста во администрацијата“, рече Лазаревска.
Пратениците во Собранието неделава ги изгласаа измените на Законот за работни односи, со што се овозможува пензионирање со возраст од 64 години и со 15 години стаж, а останува можноста жените да одат во пензија со навршени 62 години возраст.
Извор: Макфакс