Во Панама запленети 4 тона дрога, уапсени 64 лица | Правдико

Правдико

   

Во Панама запленети 4 тона дрога, уапсени 64 лица

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Властите на Панама запленија 4 тона дрога и уапсија 64 лица. Акцијата е плод на двегодишната истрага, која имаше за цел да уништи голема криминална група, соопшти Владата.

Во последните 22 месеца, полицијата заплени и 2,5 милиони долари, 49 возила и еден тон марихуана.

Во криминалната група има државјани на Панама, Колумбија, Куба, Гватемала, Мексико и Венецуела.

Обвинителот Едуардо дела Торе рече дека групата пренесувала дрога од Јужна Америка со чамци. Според него, уличната вредност на дрогата во САД изнесува колу 400 милиони долари.

Во рамките на истрагата се обвинети уште 33 лица, меѓу кои има и полицајци, пренесе Ројтерс.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико