Во период од две години „Кожарско преработувачки комбинат Куманво“ оштетено за околу 3.550.000 денари | Правдико

Правдико

   

Во период од две години „Кожарско преработувачки комбинат Куманво“ оштетено за околу 3.550.000 денари

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

pariСекторот за внатрешни работи Куманово, по претходно поднесени пријави од стечаен управник на „Кожарско преработувачки комбинат Куманово“ АД Холдинг во стечај против непознато лице за извршена кражба на кожа и кожни производи од магацинот на фабриката, превзеде оперативно тактички мерки при што постојат сомненија дека сторител на кражбите е Ј.М.(61) од Куманово, претставник на стечајните работници од КПК Куманово. На Ј.М. му бил доверен клучот од магацинот, а тој во периодот од 2013 година до 2015 година, континуирано, на засега неутврден начин изнесувал различна роба од магацинот со што е причинета материјална штета од околу 3.550.000 денари.

По наредба на основен суд Куманово, во текот на вчерашниот ден извршен е претрес на дом и други простории на три локации при што со потврда за одземени предмети одземени се разни предмети за кои постои сомнение дека се сопственост на „Кожарско преработувачкиот комбинат Куманово“.  При претресот пронајдени се повеќе од 100 парчиња машки и женски кожни јакни и бунди, 62 бали разновидна кожа , женски здолништа, женски чанти, кожни елеци, женски и машки пликоа, кожни мантили, паричници, ремени, машини за шиење на кожа, разни делови за машини  и многу други предмети. Сите предмети се запечатени, пренесени во магацинот на фабриката и истиот е пломбиран.

По целосно расчистување и документирање на настанот против Ј.М. ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Партнери на Правдико